http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

КОМЕНТАР:   Статията се препечатва от македонски форум без никакви промени. Авторот е чист македонец. Забележете как съвременните македонисти се справят с тежкия за тях проблем - защо всички възрожденци от Долната земя - Македония се изявяват като българи ?  Защо? Ами много просто! За гърците и наследилите ги турци, бугарин значело "словенски простак". И понеже всички ги наричали "бугари", т.е. словенски простаци, и те горките си въобразили, че са бугари! Горките простаци, те не знаели, че са македонци! Добре, че се родивме ние, та да ви го разкажуваме сборот - нашите преродбеници са чисти македонци, верувайте нас, а не тях, те са само едни заблудени простаци! Да, ами ако ние сме простаците, а не нашите славни преродбеници ? Тогаш, шо ке правим?

 

МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕРОДБЕНИЦИ

Автор – Великомакедонец

 
        По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. настануваат големи денационализирачки процеси кои го зафаќаат македонскиот народ. Сите верски објекти, кои воедно имале и едукативен карактер, потпаѓаат под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, раководена од Ромеи-хеленофони. Тогаш започнува елинската пропаганда, која ние по грешка ја нарекуваме грчка (византиска), учејки ги Македонците дела се Елини. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, па се до крајот на 19 век, постоела само по црквите и манастирите.
        Ромеите- Грците, секој кој зборел словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајки од 11 век, заменувајќи го терминот словен, со бугар (Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот стр. 39). Најверојатно, терминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Босанци, Срби, Црногорци, итн. Византија ги сместува заедно, во тема Воулгариа, а како Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот бугар го заменил зборот словен. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (
Friedman 1975, str. 84). Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936).
        Во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја, селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“, се градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (
Wilkinson 1951: str. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугар немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот „Грк“, а граѓанската носија за него беше „грчка носија...Нашиот селанец, кога ќе речеше „ние сме Бугари“, мислеше „ние сме христијани“, т.е. православни. Рускиот цар беше за него „бугарски цар“ не по народност, ами по православно христијанство.....“(А. Т. Балан, Една македонска теория, Периодическо списание LXV, 1904, стр.818).
        Според најновиот „Речник на современиот елински јазик“, зборот бугар - воулгар, на елински, означува простак („Речник на современиот елински јазик“, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.).
        Така, грците почнале да го користат терминот Бугар за секој кој зборел словенски. Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (
Petar DragasevicMakedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена, Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.).
        И во сама Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите на племињата Милингии и Езерци. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада во тоа време и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1.
Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church).
        Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин:
“Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари. …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко.. Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“ 1903 ). За жал, неколку пати во својот живот, Крсте П. Мисирков од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од самата бугарска држава.
        Во едни такви услови, кога Македонците учеле грчки училиша и кога се словенско било нарекувано бугарско, за нашите предци од 19 век се словенско значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски.
        Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор Пърличев, Автобиография). За него бугарското значи словенско, а и Србите се Бугари т.е. Словени според Прличев; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска.
        Старословенскиот т.е. црковнословенскиот од целата светска историографија се нарекува словенски јазик, а воедно и сите средновековни македонски автори, македонските средновековни житија, целата средновековна книжнина тој јазик исклучиво го нарекуваат словенски и како таков се нарекува до ден денешен. Но, учејќи по грчки училишта, каде називот словенско е заменет со бугарско, Кузман Шапкарев во своите дела истакнува: „ги преведоа (Св. Кирил и Меродиј) на бугарски најнужните книги од светото Писмо...кога двајцата свети браќа отидоа во Рим да се залагаат во светото седиште за бугарскиот превод на светото Писмо...Св. Климент едни ги учел да читаат и пишуваат бугарски...Св. Климент ја измислил црковно-бугарската азбука тнр. кирилица...Св. Климент е прв бугарски епископ во Охрид (Извор: Кузман Шапкарев, „Голема бугарска читанка“, 1868 г., стр. 96, 97). За Шапкарев, Словените се античките Македонци, а Бугарите (мисли на словените) се дојденци од Волга, од Русија.
        За разлика од Бугарите, каде поимот Бугар поќнал да означувало националност кон крајот на 19 век, кај македонците поимот Бугар означува Словен. Еден Бугарин, во весникот „Македонија“ од 15.06.1868 г. за велешките учители пишува дека за нив „српски или бугарски е едно исто“, но дека тоа е „погрешно мислење“. И навистина, многу од нашите учители биле неуки, не знаеле ни името да си го напишат, а самиот Прличев вели дека учел историја во дуќанот на некој си Ангел Групчев (Григор Пърличев, Автобиография). Бугарите, Јордан Хаџи-Константинов Џинот го прават чист блгарин, но тој во својата наставна програма, покрај бугарски, користел и српски наставни книги како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. Кунов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.).
        За Никола Прванов, бугарски пишувач на книги, бугарскиот јазик е општословенски па вели „да ги спречиме македонските браќа да го користат налинот на кој Србите ги изговараат БУГАРСКИТЕ зборови...да не го акцентираат првиот слог“ („Читалиште“бр. 6, 1875 г.). Според цитатот на Прванов, тој смета дека и Србите говорат бугарски (мислејќи на словенски) и употребуваат „бугарски“ зборови.
        Денеска, бугарската историографија сака да ги прикаже македонските преродбеници како национално свесни Бугари, што е листа глупост. Бугарската пропагандна машинерија, ни прикажува само по некoлку зборчиња од нашите преродбеници каде стои „Бугари„ или „бугарски јазик“, но не целата содржина, плашејќи се да се открие вистината, дека бугарско знашело словенско за дел од македонските преродбеници.
        Македонските преродбеници се сметале за директни потомци на античките Македонци, со македонска народна свест и тоа јавно го објавувале. За Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Македонците од 19 век потекнуваат од античките Македонци и нивната култура, од Пеонците, па дури и од античките митолошки народи како Мирмидонците, а сите тие биле чисти Бугари т.е. Словени („Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859, „Цариградски весник“. бр. 211 од 05.02.1855 г.).
        Познатиот македонски писател на учебници за основните училишта во Македонија, Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува за античките Македонци: „И поднаучете си малку историја, или барем научете ги каракеристиките на историјата и ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари како вас; оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (в. Македонiя од 16.02.1871).

За Димитар Македонски, античките Македонци се чисти Бугари т.е. Словени и први христијани во Европа.

        И поднаучете си малку историја, или барем научете ги каракеристиките на историјата и ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари како вас; оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (в. Македонiя од 16.02.1871). Во својата „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречје)“, печатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., пишува:
„П.[Прашање] Кои се оние Бугари (Словени), што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?
Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија?
П. Од кого се покрстени тие?
О. Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун...

Апостол Павле ги покрстил прво античките Македонци во Филипи, а сето тоа е многу убаво објаснето во Библијата. Димитар Македонски сосема е сигурен во своето потекло- дека е ист со првите Христијани, крстени од Апостол Павле, а тоа се античките Македонци, кои според него се чисти Бугари (Словени).

ЗА ДРУГИ СТАТИИ:   http://protobulgarians.com