http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

 

 По материали от македонски интернетен форум, авторът е неизвестен.

РАННА ИСТОРИЯ НА МАКЕДОНИЯ СПОРЕД ПРОФ. ИВАН МИКУЛЧИК

(Средновековни градови и тврдини во Македонија" издаден во 1997 г. во Скопје, от истакнатиот македонски археолог и професор во универзитетот Св. Кирил и Методи - Микулчиќ. )

 

Книгата, голема и на убава хартија со многу илустрации за информација е издадена не со пари од Софија, туку со средства на Македонското министерство за образование и култура и на Македонското представништво на фондацијата „Сорос". Истата книга не е издадена по време на „бугарската" влада на ВМРО-ДПМНЕ, туку по време на чистата „македонска" влада на Бранко Црвенковски. Што утврдил проф. Микулиќ? Сумирајќи ги резултатите од разкопините и сондажите во сите 538 стари градови и тврдини во Македонија тој соопштува, дека очигледно словенските завојувачи уште во почетокот на VI- век го принудиле преживеаното античко население масовно да ја напушти Македонија и истото се населило во денешна турска Тракија. Но словените не се населуваат во Вардарска Македонија, истакнува проф. Микулчиќ. Невините хумусни слоеви врз античките урнатини сочат на тоа дека високите македонски планини на Вардарска Македонија не биле „атрактивни" како што пишува проф. Микулчиќ за дојденците од север. Затоа тие продолжиле на југ и се населиле покрај денешните грчки крајморски рамнини.

Двеста години според Микулчиќ, Македонија останала без население. Првите новонаселеници биле прабугарите под водство на кан Кубер, син на основачот на Дунавска Бугарија кан Кубрат. Околу 680-та година со околу 600 семејства тој ги напуштил земјите на денешна Унгарија и по патот Белград - Ниш - Скопје се установил засекогаш на така наречените Керамисијсќи полиња - тоа се Битолско, Прилепско, Ресенско, Охридско и Корчанското поле. Византиските хронисти и некои бугарски камени натписи околу Мадарскиот коњак во денешна Североисточна Бугарија покажува дека и кан Кубер, основал во денешна Јужна Македонија држава наречена Бугарија, која во сојуз со Дунавска Бугарија превземала во 7-ми, почетокот на 8-ми век заеднички дејствија против Византија. Нејзините дејствија против Солун биле одбиени, но затоа пак територијалното проширување на државата на запад во рамките на Денешна Албанија било повеќе од успешно - во околината на селото Врап е пронајдена голема прабугарска ризница, која сведочи за самиот факт.

Вториот броj преселници според проф. Микулчиќ во останатите ненаселени земји на Вардарска Македонија бил пак од... прабугари. Тие дошле и се населиле во Источна и Северна Македонија после победоносната војна на бугарскиот кан Крум во Тракија против Византија во 811 година. Проф. Микулчиќ покажува, дека во тврдините покрај Крива Паланќа, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Штип се појавува грнчарија, бронзени предмети како и токи на ремени потполно идентични со откриените во бугарскатаа престолнина Плиска. А во рамнините покрај нив Микулчиќ ги одбележува посебните прабугарски населби зацврстени со земјен насип, наречени аули. Така за народот кој што живеел од Јадранското до Црното Море и од Дунав до Егеј се наметнало името бугари, заклучил Микулчиќ.

Така е, бидејќи тоа е историсќата вистина. Појасно и поточно не можат да го напишат дори бугарските историчари."

  

ЗАДАВАМ НЕКОЛКУ ПРОСТИ ПРАШАНЬА НА Т.Н. МАКЕДОНЦИ:


1. Кој од преродбениците кои денес и официјалната македонска историографија ги смета за духовен темел на современиот македонски идентитет, се чувствувал нешто друго освен Бугарин?


2. Чии учители биле основачите и најистакнатите членови на ВМРО? Во која институција предавале и кои предмети?


3. Членовите на Врховниот комитет основан во Софија можеле да бидат само офицери родени во Македонија, за разлика од ВМРО, каде што најистакнатите членови биле егзархиски учители, но без услов да се родени во Македонија. Во вашите книги наведувате дека Врховниот комитет е бугарски, а ВМРО е македонско, во смисла на етничка различност!?


4. Како го објаснувате фактот дека иницијативата за формирање на Бугарската Егзархија доаѓа од Македонија, како и првиот импулс за прогласување на бугарска национална и духовна самосвест, најпрво презентиран од отец Паисиј Хилендарски, роден во Банско, Пиринска Македонија, во неговата книга “Историја Славјаноб'лгарска” напишана во 1762 година?


5. Во официјалните документи за востанието од 1903 година се наведува дека е Илинденско-Преображенско востание, кое било кренато само во два од десетте окрузи на ВМРО. Зошто Вие и официјалната македонска историографија не го споменувате Преображенското востание во Одринско, област каде што живеат Бугари, за разлика од Македонија, каде според Вашите изјави живеат етнички Македонци, различни од Бугарите?


6. Документите со кои што сум запознат, во однос на водачите на ВМРО што Вие ги споменувате во книгата, секаде посочуваат на нивниот етнички бугарски идентитет?


7. Зошто Бугарија по Кресненското, Илинденското и другите востанија и по Балканските и големите светски војни, прима толку големо количество “етнички Македонци”, дозволувајќи да се смени етничката структура со прилив на “туѓо” население? Тоа ја прави единствена таква држава во светот. Зошто, пак, “етничките Македонци” бегале токму во Бугарија? Денес секој четврти граѓанин на Бугарија е по потекло од Македонија!


8. Тематската концентрација во вашите книги е генерално македонизмот како феномен. Што мислите за интерпратецијата на македонизмот, на некогашниот српски министер на просветата, Стојан Новаковиќ?


9. Познатиот славист, лингвист и историчар од германското јазично подрачје - Австриецот Ото Кронштајнер - веројатно не би се согласил со многу од Вашите тврдења. Сепак, тој е светски научен авторитет!?

 ЗА ДРУГИ СТАТИИ: http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.