http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.


 

 

 След като от 1945 до 2006 година македонците в Скопие оплюваха "бугарскиот" празник 24 май на "бугарските светци" Константин-Кирил и брат му Методий,  в 2007 г. те изведнаж си го харесаха праздникот и го обявиха за македонски, в едно со "македонските светци" Кирил и Методий. По същия начин в Скопие си харесаха гърцизирания злодей Александър Велики, романизирания илир Юстиниан и българския комитопул Самуил и ги обявиха за "македонски герои". Отделно, старобългарския език стана "македонославянски", първият български архиепископ Климент Велички, основал школа в българския областен център Девол стана "македонецот Климент Охридски, создал словенската азбука кирилица". По-долу препечатваме репортаж, поместен във вестник "Утрински весник" (вестник идва от вест, а не от вес!!), от който става ясно, че на македонските всеядци "баш им е харесал" и днешния български атонски манастир Зограф. Нищо чудно, утре да го обявят за "стар македонски манастир". Номерът е известен и изпробван: 1) основаният през времето на княз Симеон и цар Петър от братята Давид, Мойсей и Иван Сулимер български манастир в Атон се обявява за "първиот словенски манастир на Атон". 2) Първиот словенски манастир на Атон се приема за "македонски", понеже бугарите са татарчиня, а само македонците са исти словене. Между другото, днешните български тюркисти трудно схващат номера и дишат спокойно - всьо правильна, логика железной ! 

 

 

  21. 10.2011, 16:52

 

Зографскиот манастир ги чува тајните на македонските дејци - Киро Кипроски

Манастирот „Свети Великомаченик Георгиј Победоносец“ е еден од поголемите манастири на Света Гора. Светогорските манастири се нанижани како гроздови по полуостровот. Посетата, престојот во нив и разгледувањето на нивните архитектонски вредности, природните убавини, сето тоа ја буди духовноста кај секој посетител. Токму затоа времето тука минува брзо, а импресиите од виденото и слушнатото за историјата и духовната сила на манастирите тешко се опишуваат со зборови. Треба едноставно да се појде на Света Гора и да се доживее недоживеаното.

Од пристаништето Зограф пешачиме низ прекрасните предели на нечепната природа која е беспрекорно чиста. Никаде, ама баш никаде не видовме фрлени пластични шишиња, хартии или друг вид отпадоци. Височините брзо ги совладуваме. Одвреме навреме застануваме за да уживаме на волшебната глетка пред нас, на спојувањето на темнозелената боја на шумата, која почнала да добива и есенски бои со синилото на морето.

По помалку од еден час пешачење, пред нас се појавуваат импозантните зданија на Зографскиот манастир „Свети Великомаченик Георгиј Победоносец“, кој е еден од поголемите манастири на Света Гора. Се запознавме со Амвросиј, сегашен игумен на манастирот. Тој е 30 години монах во ова свето семејство, а 15-ина години раководи со манастирот. Од него побаравме да не' запознае со историјата на манастирот, со дејноста на знаменитите македонски дејци што се подвизувале тука и да ни овозможи да ја видиме манастирската ризница. Игуменот беше изненаден од нашите претходни знаења за Зограф и ни вети дека ќе ја исполни нашата молба.



Заедничката прошетка низ манастирот ја започнавме во соборната црква. Игуменот Амвросиј не' запозна со историјата на седум свети икони, односно со преданијата како тие дошле во манастирот. Потоа ни ја претстави големата фреска на која се овековечени познатите ктитори, тројцата браќа од Охрид - Давид, Мојсеј и Јован. Според Светото предание тројцата богољубиви браќа барајќи тивко место за подвизување, по Божја промисла стасале на местото каде што денес се наоѓа Зографскиот манастир и решиле тука да изградат храм. Но, не знаеле кому да му го посветат, па се договориле следната вечер да му се молат на Господа за да им ја открие неговата волја. Длабоко во ноќта, во моментите на нивната најпламена молитва, необична светлина посилна од сончевата се разлеала од новоподигнатиот храм и кога тие влегле во храмот виделе дека на подготвената даска положена на Светиот Престол, бил саможивописан образот на светиот Великомаченик Георгиј. Заради ова тие новиот храм го посветиле на овој светец. Така светите охридски браќа во почетокот на 10. век го основале првиот словенски манастир на Атос.
 

Игуменот Амвросиј не' внесе во ризницата и ни даде можност да ја разгледаме. Бевме едни од ретките посетители на кои им е дадена привилегија да го држи в раце жезолот на последниот поглавар на Охридската архиепископија, Арсениј. Според историските факти поглаварот Арсениј бил принуден да потпише две оставки, од местото поглавар на Архиепископијата, а потоа и од митрополитскиот чин. По враќањето од Цариград во 1767 година наместо во Охрид, тој заминал во светогорскиот манастир Зограф, каде во скромна монашка ќелија го минал остатокот од својот живот и каде што се упокоил. На жезолот на пожолтена хартија на бугарски јазик е напишано „Тоа е жезлото од дрво од последниот патријарх Гулгарци Арсениј од Охрид уништен од грчкиот патријарх Самуил, 15 јануари 1767 година.“


Во гостинската соба, пак, ни беа претставени портретите на игумените на манастирот „Зограф“ низ вековите. Тука се наоѓаше и фотографијата на игуменот Калистрат Зографски (Крстан Санџак) од Струга, роден во 1830 година, а упокоен во 1914 година во зографската монашка киновија. Игуменот Калистрат бил истакнат творец во областа на византиското пеење, пред замонашувањето бил професор по грчки јазик и црковно пеење, одличен познавач на старогрчкиот, старословенскиот, новогрчкиот и романскиот јазик и има создадено бројни бесмртни музички дела и преводи.

 

 

 

 


Во манастирот „Зограф“ дејствувал и нашиот преродбеник, архимандритот Анатолиј Зографски од село Могорче, кој монашкиот живот го започнал во Бигорскиот манастир. Извесно време бил епитроп на Зограф. Овде престојувале и Охридскиот митрополит Натанаил, Пелагонискиот митрополит Евстатиј, Велешкиот епископ Јосиф и други наши црковни високодостоинственици што биле зографски монаси.

Во манастирската библиотека, како што вели игуменот Амвросиј се наоѓаат мноштво документи и книги напишани од познати македонски дејци. За да се разгледаат овие вредни историски експонати, потребно е да се обезбеди посебна дозвола и претходно да се најави целта на посетата.

Не помало задоволство во тоа неколкучасовно претпладневно дружење со игуменот ни причини и посетата на манастирската винарска визба. Во манастирот „Зограф“, покрај манастирите „Хиландар“ и „Григоријат“ се произведуваат најквалитетните вина на Света Гора. Го пробавме црвеното вино, кое беше мошне вкусно, како и специфичната вишнова ракија „вишновка“, уникатен светогорски производ. На крајот на посетата игуменот од големите бочви ни наточи вино во шишиња и самиот ги запечати, за наше здравје.
 

Статијата е прочитана 1593 пати.

Коментари

Ljubotan-Trade Name, 22.10.2011 04:52:43

Lele super reportaza za Bugarskiot manastir Zogtaf, i najubava slika na Srpskiot manastir Hilander!. Imam mnogu familiarni sliki od Sveta Gora,ama ,bas ovie gi nemav, i sigurno ce bidat vkluceni vo nssiot Sveto Gorski Sveto Gorski Album!

Pero od Shtip, 22.10.2011 08:15:52

Ovoj e bugarski manastir...

Stefan, 22.10.2011 14:09:58

4ekam neshto i za makedoneca Hristofor Kolumb... pa gi proverete i Einstein i Napoleon isto...

BgMak, 22.10.2011 14:18:11

Сите православни народи различни от Грците (Руси, Бугари, Срби, Грузијци, Ерменци) имаат по 1 манастир на Света Гора, а само Романците имаат 2

Tina, 22.10.2011 16:08:30

E, koga Bugarite izgradile nesto vo Sveta Gora? I Srbite? Ha, Nikoj tamo ne zidal po Makedonska arhitektura sem Makedonskite monasi. Nikoj. A koga Manastirite bea odzemeni od nas, gi spalija Makedonskite literaturni Crkveni dela. Toa e fakt. A Ikonite na zidovite se po Makedonski stil. Bugari i Srbi ne pravat takvi sliki.

rıko, 22.10.2011 17:12:31

ova e dokas deka sme Bugarı