http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

 

Брой 293, 4.12.2012

 

 

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.   ОФАМАНАМАН: Шљокица врз фустанот на Историјата

 

            Првата Република (комунистичка) беше балансиран презент на минатото и иднината, додека Втората Републиката (вмро) е обид да се компримира и потроши сето историско време во производството на Македонија како комитска шљокица врз големиот фустан на Историјата. Првата Република умре во крајно неповолна историска перспектива во која демократијата и пљачкосувачката прераспределба на националното богатство поминаа низ питомата ни татковина пострашно отколку што "Сенди" помина низ Менхетен и Њуџерси, додека Втората Република издиша, безмалку, во мигот во кој беше создадена како резултат на неконтролираното прејадување со се што било и се што требаше да биде. Ама ако. 
        Не сум сигурен дека имаме материјал за некоја Трета Република. Оти, неуспехот нема само технички, политички или материјален аспект, таков каков што е тој ја еродира самата идеја, ја еродира во директна средба со историскиот, политички и културен инфантилизам на локалниот актер и потоа како оштетена јајцеклетка ја пушта во се понеповолните амбиенти во кои речиси и да нема квалитетни сперматозоиди.
        Луѓето се уморни од Македонија. И се почесто ја доживуваат како извор на своите хендикепи наместо како извор на своите надежи. Тие работи се особено важен аспект на затемнетите хоризонти на очекувањата.
        Вмровската локомотива го потроши сиот историски јаглен, го потроши и тој што уште не беше ископан, така што нашиот воз може да продолжи да се клацка само ако почнеме да го гориме материјалот од кој се направени вагоните. 
        На Македонија и остана само уште самопретставата за себе. Сите други ресурси и погонски горива се потрошени. Мислам дека така и ќе се случи. Во природата, нека е за утеха, има животни кои во драматични ситуации знаат да си ги јадат опашките или да си ги прегризуваат нозете (автотомија).
        Таа размена на митовите и лагите за себе и за другите за малку време и надеж може да биде болен процес, може да биде дури и агоничен процес кој ќе не доближува до смртта, но може да биде и културна револуција, револуција во главите, може да биде комоција што ја чувствува човекот кога ќе се ослободи од некој неподносливо тежок и реално непотребен товар за кој не знае од кај му е, зошто му е и каде го носи. Зависи, значи, како ќе се менаџираат тие процеси.
        Полека, а можеби и малку понагло, ќе мораме да се дистанцираме од темата за античкиот македонизам во спорот Грција и од словенскиот македонизам односно од македонизираното словенство во спорот со Бугарија, при што во односите со Софија ќе треба да ревидираме и некои погледи на таканареченото преродбеничко и револуционерно ослободително движење. Крупни делови од домашното и политичко воспитување на овдешниот човек, од неговиот културен код. Важни парчиња од образовниот процес, од политичкиот процес, од културната реализација и од медиумската репродукција.
        Текстот на Младенов е УЛТИМАТУМ. Безпреседентна категоричност.
        Шило во квазимакедонистичкиот балон на чипираните идиоти од долината на реката Вардар. Мочка врз раженот (и врз режимот) на Надвојводата Шарло. Коприва во црната како чума коса на Силванева Бонева. Шалче за бесење околу вратот на Јованча Донев. И на Лилето Поповска. Од свила, кинеска и пријателска...
        Но, ако мене ме прашате, јас ќе речам дека писмото на бугарскиот министер е кондом кој ќе му овозможи на вмровскиот Македонец уште некое време "да се чука", а да не се репродуцира. Тоа е важна заштита од хивот кој ги напаѓа националните организми поопасно отколку што сидата го прави тоа со луѓето. А на нормалниот Македонец ќе му помогне да се соочи со својата нормалноста. Не мислам толку на самото писмо колку на процесите што по тој повод неминовно ќе се отворат.
        Ако не ГАРАНТИРА дека ќе ги исполни трите услови (договор за соработка и добрососедство, работни групи за важните прашања и меѓувладини средби), Македонија може да отиде по ѓаволите наместо да сврти лево и да тргне по патот кон Европската унија, пишува Младенов, криејќи го ѓаволот меѓу редовите на своето обраќање.
        Македонија, преку својата власт, го прифати ова како девица на која по долга концентрација и успеа да го ослободи ректалниот мускул и да го прими фалусот на реалноста со олеснување и сладострастие. 
        -То, то, то, Мики тооооо, тоооо Мики тооооооо... -пееше на времето Лепа Брена еден рефрен што денеска го пее таканаречената македонска власт и нејзините медиумски мегафони со тоа што улогата на Мики тука ја игра Ники од Софија. Класично максимирање на штетата. Истата оваа власт го блокираше предлогот на Бугарите неколку години, а човекот што се претставува како претседател на Републиката само пред десетина дена невкусно и безобразно ја иронизираше бугарската идеја за заедничките празнувања.
        Јас не мислам дека теориите на заговорот се шарлатанска работа. Во конкретниот случај не можам да одолеам да не кажам дека комплетната преродбеничка политика на вемерето во овие седум години, значи дистанцата од Европа, смената на идентитетот низ процесите на неговата одбрана, политичкото декапацитирање и историското десубјективизирање, беа претворени во фабрики за производство на вазелин кој ќе го подотвори задникот на Татковината за стапот на дваесетипрвиот век. 
        И еве ја општата радост од фактот дека ќе држиме заеднички седници на владите, од тоа дека речиси нема да има празник што нема да го славиме заедно, од тоа дека, сепак, се разбира во модифицирана форма, ќе мораме да дадеме на знаење дека со мало задоцнување ние сме спремни, да не речам ГАРАНТИРАМЕ дека ќе ја прифатиме свеста дека сме коминтерновско гранче на дебелото бугарско стебло и така натаму и така наваму. 
        Тоа се вика сведување на Македонија и на македонизмот во нивните реални рамки. Работа што не можеше да се случи без надворешен шок и во таа смисла актот на Младенов ја одигра својата, јас би рекол, позитивнаа улога. Внатрешната македонска револуционерна организација ќе може да го одржи својот последен конгрес и да го затвори својот историски акаунт.
        Македонија треба со радост да влезе во својата Трета димензија затоа што во неа може и да не умре со сигурност како во втората димензија. Особено ако за целиот тој транфер може да се исценка и за некоја пара. Со која би можела да формира некој добар фудбалски клуб за Лигата на шампионите или некој подводен аеродром во Охрид, фабрика за сок од јоргован или телевизија во која емисијата на Алачки би траела 26 часа на ден. Ако, пак решиме да ја браниме мртвата природа на Втората република или исчезнатата државотворна реализација на македонските комунисти, мислам дека ќе имаме основа за уште погорки заебанции.
        Еве, затоа, неколку антидепресиви од моите профили на твитер и фејсбук:
        Датумот за преговори е претворен во коска по која трчаат луѓето што во меѓувреме беа издресирани како кучиња. Трчаат во место. Пред себе го имаат дисплејот со мочаната коска, а под нозете "Кетлер"- собна патека со инструменти за држење на пулсот, на притисокот и другите елементи на тркачите на границата меѓу животот и смртта.
        Нема да ја платиме вашата криза, сите сте готови, викаа демонстрантите во Љубљана. Не во Скопје, во Љубљана.
        Јас би организирал демонстрации против народот, но се плашам дека притисокот врз тоа гомно може да предизвика неподнослива смрдеа.
        Кирилицата во однос на латиницата е како јагленот во однос на природниот гас. Предлагам да се гасифицираме.
        Три автобуси Македонци заминаа за Словенија на демонстрации и тепачки со полицијата!
        Не се секирајте ако не сте во состојба да си ја отсечете главата со еден удар.
        Најлесното помина.
        Сега, откако ги изградија сите споменици за себе, Македонците со мирна душа можат да се симнат од историската сцена.
        Колку бода ќе добие екипата на која Тодоров ќе и умре на операциона маса.
        Патриотска пљачка е операција која му овозможува на народот да биде горд без пари и без причина.
        Светот ќе пропаднеше и пред 21 декември 2012 година, но владата на Надвојводата Шарло доцнеше со отворањето на дупката Македонија.
        Словенечките демонстранти се тепаат и бараат премиерот да замине, а македонските висат пред владата и молат премиерот да ги прими.
        Демонстрациите во Словенија покажуваат дека ние навистина не сме од зад Карпатрите туку, веројатно, од пичке материне.

 

Според истражувањето на Агенцијата за

статистика на Турција (http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F2CC3CD3AA050E46AB28BBA62737184E), бруто домашниот производ (БДП)

за 2011 по глава на жител, мерен според паритетот на куповната моќ е:

 

Държава

Покупателна способност (куповна моќ) в % от средната за Европа 

1

Люксембург

271

2

Норвегия

186

3

Швейцария

157

4

Холандия

131

5

Ейре

129

6

Австрия

127

7

Швеция

127

8

Словения

84

9

Словакия

73

10

Унгария

66

15

Хърватска

61

11

Турция

52

12

Румъния

49

13

България

49

14

Черна гора

42

15

Сърбия

35

16

Македония

35

17

Албания

30

18

Босна и Херцеговина

30