http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

 

Средновековни градови и тврдини во Македониjа
Иван Микулчиќ
 

VI. МАТЕРИJАЛНИ ОСТАТОЦИ ОД СРЕДНИОТ ВЕК

3. Движен археолошки материjал

1. Предмети от метал и коска

             А. Накит
             Б. Амулети
             В. Делови от машка опрема

. . .
Б. Амулети.

Претставуваат специфична група предмети блиски до накитот, но со поинаква намена. Откриени се во поголем броj на нашите укрепени места и само делумно се прикажани во стручните гласила.

Во гратчето Давина каj Чучер близу Скопjе е наjден еден извонредно редок и значаен амулет, изделкан од парошка на еленски рог. Има форма на тн. рокче, провртено во горниот дел за протнување на врвка и за носење на вратот. Co плитко врежани линии околу, рокчето е поделено во 6 сегменти, а седмиот дел, горниот кpaj, е изрезбарен во вид на човечка глава со 4 лица, покривна со конусна шапка. Двете лица кои се сочувани, претставуваат возрасни мажи со мустаќи и со куса брада, нагласени со врежани цртички. На ист начин е претставена и косата. [13]

Пред нас е всушност претстава на главното Словенско божество од претхристиjанскиот период, Перун-Севид (гледа на сите четири страни). Вакви рокчиња се познати од Преслав (прабугарската престолнина), од Вислица и Волин во Полска, а слични предмети со исти претстави се наjдени во Русиjа, Финска па и во Шведска. Монументални камени споменици со 4 лица се откриени во Збруч и Иванковци во Украйна. [14] Рокчето од Преслав е датирано во 10. век. И наодот од Давина потекнува вероjатно од тоа време.

По приемот на христиjанството во нашите краишта се nojaвиja броjни мали крстови-амулети, кои исто така се носеле на вратот. Биле лиени главно од бронза, но и од олово или пак биле ковани од железо. Наjраскошни меѓу нив се крстовите - реликвиjари (енколпиони), изработени од два дела. Предната и задната половина се споjуваат на шарнир и оставаат шуплина за ставање реликвиjа во неа. И двете страни наjчесто се украсени со релjефи: распнатиот Христос и на реверсот Богородица Оранта,

82 

фланкирани со помали фигури на светители. Поефтините произведи биле украсени со врежани сцени. Проследени се со грчки текстови. Биле произведувани во главните византиски центри. Во 10. век кога Византиjа продира во внатрешноста на Балканот во рамките на Црквата, а во 11. век и политички, овие крстови стигнале низ балканските простори до Дунав на север. [15]

Интересно е да истакнеме дека вакви реликвиjари каj нас се наоѓани главно во црковните средишта (епархиски и енориски): во Скопjе, Битола, Охрид, Струмица; во Прилеп, во Просек, Луковица, Козjак (Канарево) и Лешок каj Тетово. Потекнуваат од 10. и 11. век и несомнено стоеле во врека со повисоките свештенички чинови. разместени во спомнатите црковни средишта.

Поедноставни од претходните се крстовите-приврзоци, лиени од бронза во еден дел или исковани од железна плочка. Некои од нив се украсени на предната страна. Биле носени како амулети, исто така на вратот. Во градот Девол каj Дреново е наjден мал оловен крст со остатоци од лиен шев од калапот. Шевот по лиењето не бил отстранет (цизелиран и ретуширан) и укажува дека на тоа место постоела работилница за вакви крстови. Во Стенче каj Тетово и Железнец во Демир Хисар се наjдени едноставни крстови исковани од железо, во придружба со други наоди од 13.-14. век.

Нема потреба да докажуваме дека обичаjот да се носи крст-амаjлиjа околу вратот бил распространет каj сите словенски (и други христиjански) народи низ средниот век, с? до денес. Крстовите биле правени во средниот век главно од дрво, поретко резбарени од коска, рог, ќилибар или пак иени од метал и стакло. Поради тоа во археолошките контексти од средниот век и не се сочувани во поголем броj (сп. сл. 24, 60, 66, 80, 105, 108, 113, 153, 164).

* * *

Следните редови ќе ги посветиме на група амулети наjдени на нашите градишта, кои укажуваат на определена сталешка припадност на нивните некогашни сопственици. Од тврдините Прилеп и Чемрен (с. Зовик) потекнуваат бронзени амулети речиси идентични меѓу себе. Изработени се на многу ниско уметничко и техничко ниво. Потекнуваат од азиските степски пространства. Претставуваат глава на митски херос (или шаман) поставена на

83 

коњ во трк (сл. 6). [16] Излиени се од бронза во вид на масивна плочка, делумно ажурирана, со ушка на горниот краj. Прабугарите ги донеле од Азиjа во Долно Подунавjе, а со ширењето на државата на Борис и Симеон, тие стигнале и во нашите краишта. Не е jасно дали некогашните сопственици на овие амулети во тврдините Прилеп и Чемрен ги носеле како воено (офицерско) обележjе, или тоа биле култни-магиски амаjлии на шамани. Датираат од доцниот 9. или 10. век.

Од краjпатната тврдина во Jегуновце каj Тетово што го демнела влезот во Дервенската клисура и главниот пат од Полозите кон Скопjе, потекнува бронзен амулет-печат (жиг). Двете идентични страни на печатот се лиени одделно и со шарнир се поврзани со третиот дел — носачот. Носачот има ушка на горниот краj низ коjа била протната врвката за носење околу вратот. На внатрешните. рамни страни на печатот угравирана е претстава — фантастично животно од азиска митологиjа (сл. 6).

Досега се познати неколку вакви амулети-печати од подрачjето на државата на Симеон и Самуил. Според првиот ваков наод од прабугарската престолнина Преслав, одбележани се во стручната литература како Преславски тип. [17] Ги носеле несомнено повисоките управни функционери и со нив втиснувале печат (или жиг) на определени документи и пратки.

Од Девол-град каj Дреново потекнува бронзен полутопчест амулет со алка на горниот краj за протнување врвка. Предната страна му е рамна и на неа е претставено фантастично животно од азиската митологиjа. Задната страна е сферно испакната и на неа во плиток релjеф е претставен лик на некоj митски херос или тотем, стилизиран како маска (сл. 6). Тоа е тн. Кефал. [18] Потекнува од исто време како и претходните (доцниот 9. или 10. век, а бил носен како сталешки белег, очигледно на некоj локален функционер.


13. Овоj предмет, досега необjавен, наjден е покраj западниот градски ѕид на местото каде што тоj прави остар двоен прелом. Ерозиjата го разголила тоа место и открила слоj со интензивни гореници во кои лежеле броjни исечени парчиња еленски рог и препарирана коска, меѓу нив и ова "рокче". Во прашање е несомнено мала работилница, допрена однадвор до градскиот ѕид.

14. Н. Чаусидис 1994, 461 и н., Т. 105, 106, 107. Сп. и Е. Манева - J. Ананиев 1993, 265-272 (рокче од Водоча).

15. Г. Вуjовик-Марjановик 1977, бр.10, 16, 34, 39, 44, 47 (од Струмица, Чепигово, Прилеп и Лешок), што се чуваат во Народниот Myзej во Белград; 10.-12. век.

16. Љ. Џидрова 1989, 247-257.

17. В. Залескаjа 1980, 48-51; — Р. Рашев 1988, 57-61.

18. J. Waldbaum 1983, 136, pl. 51.