http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

 

Средновековни градови и тврдини во Македониjа
Иван Микулчиќ
 

IV. ОБНОВА НА ВИЗАНТИСКАТА ВЛАСТ ВО 11. И 12. ВЕК.

1. Историски осврт (Востаниjа. - Печенеги. - Нормани во западните краишта.)

По конечниот слом на Самуиловата држава, а за да спречи да не доjде до повторни востаниjа, Василиj II решил на овоj простор да ги урне тврдините како можни нови упоришта на востаниците. Во таа смисла има оставено само некои клучни кастрони во кои биле разместени византиски воени посади. До темел била урната и тврдината над варошот Охрид при што била запленета и државната каса на Jован Владислав. По ова Охрид ќе остане долго време без крепост. Тврдината Горни Capaj што денес ja гледаме била подигната во доцниот 14. век.

И тврдината Штип ќе остане запустена повеќе од 3 века; обновена била пред средината на 14. век. Прилеп исто така. Просек бил обновен на краjот од 12. и проширен во раниот 13. век благодарение на тоа што станал седиште на една нова, регионална држава.

Поголемиот дел на 11. век е стабилен во политичка и стопанска смисла. Византиjа спровела темелна феудализациjа на овие простори. Од една страна црквата станала господар на броjните земjишни имоти, а од друга страна заjакнало ситното воено племство, прониjарите. Слушаме за низа судири помеѓу црквата и племството околу имотите. [1]

Териториjата што Василиj II ja освоил од Владислав, ja вклопил во нова голема тема (од рангот на катепанат), наречена "Бугариjа". Седиштето й било во Скопjе, новиот центар на Среден Балкан. Охрид останал само

47 

црковно средиште. Териториjата на коjа Охридската архиепископиjа имала своja jурисдикциjа во наjголем дел се совпагала со новата тема. Управникот на Скопjе (стратег и автократор) бил воедно и управник (катепан) на целата тема. [2]

Долгогодишниот мир бил повремено нарушуван со некоj настан. Во 1040 г. дошло до востанието на Петар Делjан (Долjан, Оделjан). овоj самонаречен син на Арон (односно Гаврил Радомир) во Белград се крунисал за цар на Бугариjа. Востанието го раширил на jуг до Грциjа. Му се придружил Алусиjан, синот на Joван Владислав. При нападот на Солун, Алусиjан бил тешко поразен; тоj влегол во судир со Делjан и го ослепува. Византиjа го задушува востанието. [3]

Забележано е дека Маноjло Ивац, еден од войводите на Делjан, се обидувал каj Прилеп со дрвена преграда (дема) да ja задржи византиската Bojcxa коjа навлегувала од Повардарието (вероjатно на Плетвар — сп. напред гл. I. 2).

Номадскиот народ Печенеги од степите на Jужна Pycиjа провалил вepojaтно во 1035 г. преку Дунав и ja ограбил "цела Мезиjа до Солун на jуг". Византиската вojска, собрана во нашите краишта, успеала да ги победи, да уништи еден дел, а останатите да ги расели во групи по запустените рамници околу Сердика (Софиjа), Ниш и во Овче Поле (Еутзапелон). Нови упагања имало во 1048 г., а хордите на Узите тргнуваjќи по нив, во 1064 г. предизвикале нови пустошења на балканските простори. [4] Не знаеме дали при тоа — и колку — страдале и нашите краишта.

Покраj спомнатите народи, во нашите краишта биле населени и Турците од Азиjа. Во борбите против Норманите, во византиската вojcкa учествувал во 1081 г. и еден одред Турци кои тогаш живееле како населеници околу Охрид. [5]

Во есента 1072 г. егзархот Георги Bojтex со група првенци од Скопjе кренал востание против византиската централна власт. Востанието брзо се проширило на околните noдpaчja. Бил повикан Mnxajno, кнезот на Дукља да им се придружи. Константин Бодин, синот на Михаjло, во Призрен се крунисал како Петар, цар на Бугарите. Тоj co вojcкaтa ги опустошил периферните византиски покраини до Ниш, Видин и Сирмиум на север, потоа се свртел кон Cкопje. [6] Бодин бил заробен од Ромеите и подоцна бил пуштен

48 

дома во Дукља, додека Георги Воjтex трагично завршил.

За време на владеењето на Алексиj Комнин, норманскиот воjвода Роберт Гуискард й ja одзел на Византиjа цела Jужна Италиjа и Сицилиjа и почнал да го ocвojyвa источниот брег на Jадранот. Во 1081 г. го зазел наjзначаjниот град во тоj регион, Драч, поминал со войската низ Епир и Македониjа и го опседнал градот Лариса во Тесалиjа. Во 1082 г. мy ja предал командата на синот Боемунд, наречен Тарентски. Неговиот воjсководач Пунтеси во истата година ги освоил Охрид, Полозите и Cкопjе. Cкопjе го држел с? до 1088 г. а повторно ќе го освои од Византиjа во 1097 г. кога ги освоил и Полозите.

Боемунд се обидел уште еднаш да ги освои овие краишта. Во 1107 г. со 3.400 воjници се истоварил каj Балона и продрел до Дебар на североисток. Алексиj поставил 6pojни заседи во ceкoja клисура, а во градовите (кастрони) големи воени одреди "и ja преградил ceкoja патека" како што пишува Ана Комнина за тие настани. [7] Така Алексиj успеал да го одврати Боемунд од натамошните ocвojyвaњa, а во замена за Драчката тема тоj му го подарил како лено кнежевството Антиохиjа во Сириjа. Со тоа Норманите исчезнуваат од нашите краишта.
 


1. Не навлегуваjќи во обемната литература по овие прашања упатуваме само на писмата на Теофилакт, архиепископот Охридски — сп. Византиски извори III, 1966. 262 и заб. 14; 267 и заб. 34; 294 и н.

2. С. Антољак 1985, I, 252 и заб.14; 267 и заб. 34: 294 и н.

3. Г. Острогорски 1959, 308-309.

4. Визант. извори III, 1966, 164 (J. Скилица); 255 (Зонара); 229 (М. Аталиjат).

5. Визант. извори III, 378 (Ана Комнина I, п. 151, 20-23 — за Турците населени околу Охрид како византиски прониjари во 11. век).

6. С. Антољак 1985, 726-770; Г. Острогорски 1959, 327-328.

7. Визант. извори III, 379-382 (Ана Комнина); исто и Г. Острогорски 1959, 337, 344.