http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

 

Средновековни градови и тврдини во Македониjа
Иван Микулчиќ
 

III. СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИJА

4. Државата на Самуил: градови и крепости


4.1. Историски осврт.

За историските настани од тоа време и за создавањето на државата на Самуил доволно е пишувано каj нас и во светот. [27] Ова големо историско поглавjе ќе го проследиме од наш аспект: низ постоењето на укрепени места на овие простори. Но, пред да се свртиме кон тврдините, во наjкуси црти ќе ja проследиме хронологиjата на настаните од тоj период (969-1018 година).

За востанието на Комитопулите — четирите сина на комисот (кнез) Никола против централната византиска власт во 969 г. с? уште се дискутира. Почнуваjќи од 976 г. наваму, настаните се многу поjасни. Тогаш царот Jован Цимиски, Ерменец (како и комес Никола и жена му Хрипсиме, родителите


Сл. 8. Ликот на царот Самуил, реконструиран според неговиот череп (од саркофаг "Г") црква Св. Ахил, Мала Преспа (по Н. Муцопулос)

на Самуил и можеби роднините на царот), бил убиен од соперникот Василиj II. Комитопулите му откажуваат послушност на новиот цар и креваат востание.

Во борбите со Василиj преживува само Самуил. До 986 г. Самуил ги освоил западните византиски теми до Тесалиjа на jуг, а на исток — денешна

37 

западна Бугариjа до познатиот планински премин Траjанова Порта (Суци, Ихтиман). Користеjќи ja граганската воjна што била водена во Византиjа, Самуил ja освоил и Дукља (987 г.) и продрел преку Дубровник и Сплит до Задар на запад. Власта ja проширил и преку денешна Србиjа до Дунав на север.

По обидот да ja освои и Средна Грциjа, во 995/6 г. Самуил е тешко


Сл. 9. Царот Василиj II вооружен како оклопен коњаник. Миниjатура на цариградскиот псалтир од 1017 г.

поразен на реката Сперхеj и со тоа почнува периодот на слабеење на неговата држава. На Василиj II му ветува номинална покорност но сепак, во 997 се крунисува за цар.

38 

По ова Византиjа преминува во офанзива. Во 1000 г. Василиj II му ги одзема источните делови (денешна Бугариjа) до Средец (Софиjа) на запад, а во 1001 г. и Тесалиjа, западномакедонските градови Вериjа и Сервиjа; Во 1002 г. го ocвojyвa Видин и по него цела денешна Србиjа, до Скопjе на jуг. Каj Скопjе во големата битка Самуил повторно е поразен и го губи засекогаш овоj наjзначаен град на Средниот Балкан. Управникот Роман, синот на последниот бугарски цар Петар II, без борба му го предал Скопjе на Василиj.

Во 1014 г. Василиj II решил да го разбие и преостанатиот дел од државата на Самуил. Во долината на Струмешница, во теснината каj Клидион-Клуч (10 км источно од границата кон Бугариjа) се случила познатата битка во коjа Самуил одваj останал жив, а преживеаните воjници му биле ослепени. Набргу по ова Самуил умира.

Гаврил Радомир, неговиот син, како цар немал многу среќа. По неполна година владеење бил убиен од братучед му Jован Владислав по инициjатива на Василиj. Василиj победоносно влегол во Охрид и во Преспа и таму оставил свои управници и гарнизони. Макар што Владислав номинално ja признал власта на Византиjа, набрзо дошло до разидување меѓу двата владетели и воjската на Василиj во 1016 г. ja пустоши Пелагониjа, ги опседнува Струмица и Перник и ocвojyвa неколку тврдини. На самиот почеток на 1018 г. Joван Владислав умрел при опсадата на Драч, а неговата вдовица со децата и соработниците им се предаде на Василиj. Државата на Самуил престанала да постои.


4. 2. Градови и тврдини под Самуил

Сите воени походи, како од македонска така и од византиска страна, имале за цел да ocвojaт или да одбранат некоjа крепост. Стратешки гледано, државата претставувала систем на поголеми крепости (кастрони) опкружени со голем броj помали тврдини и стражи (фруриони) кои им помагале на првите во одбраната.

Големите крепости за кои станува збор, кастроните, во следните векови ќе израснат во "вистински" градови, а тоа значи дека покраj воената тврдина (акропола, цитадела, горни град) ќе се формира и цивилна населба (подградие, варош, емпорион) со стопанскиот дел (трг, пазариште; турски: чаршиjа). Покраj воената и цивилна власт тука ќе столуваат и црковните старешини — епископите во големите градови и нивните заменици (суфрагани) во помали кастрони.

39 

Bo поново време низа истражувачи се интересирале за проблемот на градовите во Византиjа во раното средновековие. Тие се едномислени дека од 7. до 11. век таму немало вистински градови, полиси (освен Цариград и Солун). Наместо нив егзистирале броjни мали гратчиња-тврдини, обележани како кастрони. [28]

Тоа важи и за нашиот простор. Забележано е дека под Борис, бугарските одреди навлегле во византиските теми Тракиjа и Македониjа, но таму регентката Теодора (843-856) поставила воени одреди во кастроните. Тие ги напагале Бугарите и ги принудиле да се повлечат назад. Градењето (или обновата) на кастроните претставувало прва етапа во фортифицирањето на византиските погранични области, додека подоцна биле градени или обновени и 6pojни мали крепости (фруриони) околу првите. Кога потоа Борис и Симеон, а по нив и Самуил, ja рашириле cвоjатa држава на сметка на Византиjа, овие области и крепости во нив станале "бугарски". Така слушаме за "бугарските кастрони" преку граничната река Марица и за "бугарските фруриони" ширум државата на Самуил, како што тоа го наведуваат византиските автори. [29]

Броjот на тврдините, особено на оние малите, несомнено бил голем. Од воените извештаи дознаваме за 30 фруриони околу Драч, или за 35 фруриони кои заедно со Перник му се предале на Василиj II во 1018 г. [30] За жал, само некои поголеми и позначаjни крепости се забележани со своето име.

За повеќето имиња дознаваме од повелбата на Василиj II за правата на Охридската архиепископиjа (од 1018, 1020 и 1025 г.). [31] На териториjата на Република Македониjа под неjзината jурисдикциjа се наоѓале епископиите Скопjе, Мородвис, Струмица, Пелагониjа-Бутела и Охрид, како и деловите на епископиjата Призрен (областа Полози) и Меглен (Просек и Мориово). При секоjа епископиjа наведени се и помалите црковни единици — енории со нивните седишта во коишто столувале замениците на епископите. Во некои случаи не сме сигурни дали наведените имиња означувале само регион или и кастрон како седиште на суфраганот.

Ова е првиот исцрпен преглед на средновековните укрепени места во Македониjа што сме во cocтojбa да го составиме. благодарение на пишуваните документи од тоа време, а кои се потврдени преку археолошките оста-

40 

тоци на теренот, како веродостоjна потврда на нивно дополнување. Меѓу местата од ова време егзистираат низа големи или помали кастрони и голем бpoj помали тврдини, фруриони, чии имиња главно не ги знаеме. В. Тапкова-Заимова коjа пред 4 децении прва се занимавала за овоj преглед, ги означила сите епископски седишта како градови, полиси. [32] За жал, не е во право. Дури во времето на Кедрен, Теофилакт Охридски и другите подоцнежни писатели, некои од овие епископски столици ќе израснат во "вистински" градови (полиси). Меѓутоа на преминот од 10. во 11. век тие места се уште биле кастрони. Тоа може да се заклучи врз основа на археолошките остатоци на теренот.

Прегледот на местата во нашата Република од времето на Самуил ќе го дадеме не според азбучниот, туку според регионалниот принцип следели ги од север кон jуг и од исток кон запад. Сите овие места исцрпно се прикажани во Прегледот (гл. VII).
 

1. Скопjе, денешно Скопjе. значаен кастрон, потоа полис, седиште на епископот и на дуксот на темата "Бутариjа". Како енории под jурисдикциjа на скопската епископиjа наведени се:

- Бинеч. Постои и денес под тоа име 32 км северно од Скопjе, во северното подножие на Скопска Црна Гора, на изворите на Биначка Морава. Урнатините на средновековниот град лежат на ридот jужно од селото (Заимова ги наведува како можни локации селата Винци и Винце североисточно и источно од Скопjе. Меѓутоа, таму на теренот нема археолошки остатоци од тоа време).

- Луково. Можеби тоа е крепоста лоцирана каj с. Градиште, 20 км jугoисточно од Куманово и 38 км источно од Cкопjе, во микро-регионот Лука (сп. Преглед).

- Преамор и Принип. Нема сигурни индиции на теренот, ниту денешни топоними како врска со нив. Еден од нив можеби стоел на Давина, с. Чучер, 12 км северозападно од Cкопjе (сп. Преглед).

2. Моровизд. Според остатоците на теренот тоj бил помал кастрон над денешното село Мородвис, 8 км jужно од Кочани. Во 9. век во тоj регион градот Равен бил седиште на Брегалничката епископиjа, основана од Борис. Во 10. и 11. век тоj град веќе не се спомнува. Равен лежел вероjатно каj с. Крупиште, 14 км западно од Мородвис. Во 14. век епархиското седиште од

41 
Мородвис било пренесено во Злетово (Лесново). Како епархии под Мородвис изброени се:

- Козjак. Несомнено се однесува на денешниот планински регион Козjак (Козjачиjа) источно од Куманово, со средиштето во Канарево (град Козjак?);

- Славиште, питома долинка покраj Крива Река, источно од Козjак. Средиштето на регионот била крепоста во с. Опила, можеби со исто име — Славиште?

- Луковица. Се однесува несомнено на големиот кастрон Калата, 3 км jугозападно од с. Луковица и 4 км jужно од Македонска Каменица, 15 км западно од Делчево. Некои истражувачи ja предлагало како локациjа на Луковица долината на Лакавица, jужно од Штип. Оваа долина, со центарот во Конче, потпагала под Струмичката епархиjа и таа претпоставка не е основана.

- Пиjанец и Малешево. Регионите така се викаат и денес. Доколку постоеле "градови" со вакво име, во што се сомневаме, тие не се лоцирани. Како значаjни регионални средишта од тоа време потврдени со археолошки остатоци, ги истакнуваме крепостите Звегор (jугоисточно од Делчево) и Будинарци, западно од Берово. Можеби тие биле седишта на енории?

На подрачjето на Мородвишката епископиjа се наоѓал и фрурион Штип (Стипеион), освоен од Василиj II во 1014 г. и целосно урнат во 1018 г. Бил обновен дури во 14. век кога добил и подградие, трг, повеќе цркви и кога станал седиште на регионалните феудалци Оливер и Константин Деанов.

3. Струмица. Силен кастрон коj добил големо подградие. Вероjатно поради рехеленизацщата, епископскиот стол бил пренесен во манастирот Велjуса (Елеуса), 8 км северозападно од Струмица. Црковното име на епархиjата било грчко: Тивериопол. Како енории под Струмица забележани се:

- Радовиште, денес Радовпш, средиште на регионот. Урнатините на средновековниот фрурион лежат на ридот северно од Радовиш.

- Конче, денес с. Конче, средиште на регионот (долинката на Лакавица). Урнатините на средновековниот фрурион лежат на ридот jугоисточно од Конче.

Во регионот на Струмица лежел вepojaтно фрурион Термица, забележан во походот на Давид Ариjанит во 1016 г. Лоциран е каj Банско, 11 км jугоисточно од Струмица. Археолошките докази го потврдуваат тоа.

4. Бутела, истоветна со Пелагониjа (?), денешна Битола. Значаен кастрон. Во епископиjата на Битола наброени се енориите:

- Прилеп, денес Маркови Кули над Варош каj Прилеп. Силен фрурион, археолошки истражуван. Во доцниот 14. век ќе израсне во престолнина и

42 
седиште на нова епископиjа.

- Дебреште (Деуретис), денес с. Дебреште, 24 км северозападно од Прилеп. Краjпатен фрурион, археолошки истражуван.

- Велес, денешен Т. Велес. Помал кастрон, 2 км jужно од градот.

5. Охрид, денешен Охрид. Кастрон титулиран и како полис — архиепископски стол и една од престолнините на Jован Радослав. Под Охрид се наведени енориите:

- Кичава, денешно Кичево. Кастрон, уништен во наше време.

- Преспа, кастрон на островот св. Ахил во Мала Преспа (денес Грциjа). Престолнина на Самуил, Гаврил Радомир и Jован Владислав. Средиште на Преспанскиот регион.

- Мокра, фрурион и истоимена област на западниот брег од Охридското Езеро, покраj магистралниот пат за Елбасан и Драч. И денес така се вика. Од некои историчари погрешно е лоциран источно од Охрид. Денес е во Албаниjа. овоj регион ги опфакал несомнено и западните делови на денешната општина Струга.

Во Охридско-Преспанскиот регион се забележани уште 2 крепости. Кога Василиj II во 1015 г. тргнал од Охрид преку висока планина (Исток, Петрина) кон Преспа, а за да го осигури тоj пат, изградил таму фрурион Василида. Царот многу брзал и логично е дека тоj можел само да обнови некоjа стара крепост. На тоj пат лежат 2 кастели, близу до с. Евла и с. Петрино, Ресенско. Еден од нив несомнено била Василида.

Следниот фрурион Василиj го нарекол Константиjа. а се наоѓал на "помалото езеро". Не е лоциран. Можеби се наоѓа на теренот на обновениот град Преспа ?

Кастронот Присдиана — Призрен лежи во денешното Косово, Србиjа. Под власта на епископот од Присдиана се наоѓала и нашата област Полог, со енориско седиште во Леаскоумц — во 12. век е забележан со словенско име Љеш'ск, денешен Лешок, 8 км северно од Тетово. Претставувал помал но многу силен кастрон. По неговото уривање во 1190 г. опустел и црковно средиште на Полозите во 13. век станало Тетово, прераснуваjки во 14. век во епископиjа. [33]

Во денешната област Меглен во Грциjа стоел кастронот Моглен како седиште на епископ. Под неговата jурисдикциjа се наоѓале и некои наши краишта, со енориски седишта во:

- Просек, денес Демир Капиjа; многу голем и силен кастрон со одделно укрепена варош, опкружен со повеќе крепости.

- Морихово, кастрон, средиште на областа со исто име до денес (Мориово, Мариово). Веруваме дека е идентичен со Градок помеѓу Чаниште и

43 
Манастир. 20 км jужно од Прилеп. Тука е и главната црква во целиот регион, Св. Никола во Манастир од 11. век, обновена во 13. век. Во 14. век регионалното средиште ќе се помести 9 км jyжно, исто краj реката Црна, во кастронот Чемрен каj с. Зовик.

Важно е да кажеме дека во jyжното подножjе на планинскиот венец Ниџе-Кожуф, покраj Меглен постоел цел синџир словенски - македонски тврдини, кои претставувале пограничен фронт кон Солунското Поле — византиската тема Македониjа. Тоа се: Молиск, Сетина, Kapдиjа, Острово, Воден, Св. Илиjа, Соск (Суботско), Енотиjа и Мачуково. Последната тврдина лежела на самиот Вардар, на левиот брег, покраj селото коешто го сочувало истото име (грчки: Маџукион), 5 км jугоисточно од Гевгелиjа. Денес е прекрстено во Евзони и се наоѓа на граничниот премин Богородица.

Во 1016 г. Давид Ариjанит тргнуваjќи од Солун кон Струмица, попат го освоил Мацукион. Чудно е дека сите историчари го бараат Мацукион некаде околу Струмица, макар што таму нема такво место. Мацукион - Мачуково - Евзони е внесен во сите топографски карти и за него нема дилеми.


Како заклучок на сето ова можеме да го повториме она што го навестивме веќе на почетокот на оваа глава. Целата држава се потпирала врз мрежа од укрепени места — кастрони и фруриони, во кои престоjувале воено - цивилните управници и управни гарнитури, како и воени посади собрани од домашното население и на доброволна основа. Повисоките и наjвисоките функции тука биле контролирани непосредно од владетелот и доверени на лица во кои тоj имал полна доверба. Пониските функции ги добивале лугето од народот што се истакнале со некоjа способност. Крепостите од тоа време, оние кои што успеавме да ги идентификуваме на теренот преку археолошки остатоци, зборуваат преку своите градежни особености дека тоа се без исклучок рановизантиски (предсловенски) крепости кои со извесни поправки биле оспособени за потребите на времето. Ново ѕидање настанато во ова време (10.-11. век) не ни е познато. Тоа наведува на заклучок дека поправките на старите обѕидиjа биле изведени главно во техника на сувозид, без малтер, заjакнати вероjатно со дрвени греди. Тие не се одржале до денес.

Исклучок претставувале можеби неколкуте наjзначаjни кастрони како што се Битола, Преспа и Охрид кои што Joван Владислав ги обновил, вероjатно во цврста малтерна техника. Меѓутоа и нив Василиj ги урнал во 1018 г. и ние можеме само да претпоставуваме ваква можност.

44 
 

4. 3. Цркви во 9. и 10. век.

Сите кастрони што ги наброивме биле изградени врз остатоците на наjзначаjните доцноантички укрепени места во овие краишта. Речиси сите тие места преставувале црковни средишта во 5. и 6. век. Направивме осврт (Гл. II.2.А) врз овие гратчиња и видовме дека на ова подрачjе постоеле наj-малку 17 градови — епископии. Оваа броjка одговара приближно на броjот на епископиите и енориите од времето на Самуил, забележани во повелбите на Василиj II (ги има вкупно 22 или 23).

Ако ги изземеме неколкуте нови регионални центри наброени како енориски средишта кои не постоеле во доцната антика (Пиjанец и Малешево; Радовиш и Конче; Луково и Принип или Преамор каj Скопjе; Лешок каj Тетово) — или старото регионално средиште било на друго место (Коњух - Транупара? наместо Луково; Виница - Келенидин? наместо Малешево), добиваме сосем иста броjка. Знаеме дека бугарската црква на Борис била организирана од византиското свештенство. Патриjаршиjата во Цариград тргнала од доцноантичката црковна организациjа сочувана во документите и во 9. век ja реактивирала секаде каде што тоа било можно. Меѓутоа речиси сите нови средишта носат сега словенски имиња.

Црковната организациjа соодветствувала, всушност на управно-политичката организациjа. Bepojaтно поради подобрата контрола над овие територии што Византиjа ги изгубила во 7. век, а и поради различниот степен на христиjанизирање, црковните центри сега биле поместени во 2 ранга: во епархиски седишта врзани за позначаjни кастрони и во енориски седишта потчинети на првите, а сместени во помали и периферни кастрони со помало значње.

Ако ги изземеме првите епископии — Равен или Белица (Дрембица) кои набрзо игаснале, сите останати епархии и енории биле прифатени од црквата на Самуил и продолжиле да функционираат во рамките на Охридската архиепископиjа и низ следните векови. Дури за време на царот Душан оваа организациjа ќе претрпи значителни измени.

За оваа организациjа и за другите црковни проблеми многу е пишувано и тоа не е предмет на нашите истражувања. Ние сакаме тука да укажеме на некои елементи врзани за материалните остатоци на теренот.

- Седиштата на епархиите и енориите во 9.-10. век не биле избрани случаjно. Тоа се без исклучок регионални стопански, а со тоа и управни и воено-политички средишта. Тоа се доцноантички градови и гратчиња кои

45 

биле обновени во 6. век, непосредно пред доаѓањето на Словените. Тие останале релативно добро запазени и во следните векови и затоа се избрани за седишта на новите воени гарнизони, а потоа и на цивилната и црковната управа во 10. век. Добро запазените обѕидиjа, особено на акрополите, овозможиле релативно брзо и без многу издатоци да се оспособат за новата држава. Кон нив воделе патишта изградени уште во античко време. Околу нив лежеле стари рудници што привлекувале внимание како на околното население така и на властодршците.

- Следната причина за обновување на старите гратчиња биле броjните цркви во, или околу нив. Веке споменавме (Гл.II. 2.А) дека според денешната евиденциjа ги имало околу 230! Неколку десетини од нив се ископувани во наше време и тука се пронаjдени остатоци од обнова во 10.-12. век. Тоа се наjчесто големи трикорабни базилики кои биле преголеми за новите потреби. Затоа бил надзидуван само средишниот кораб и тоа не во целата должина. Во неколку случаи бил обновен само олтарниот простор (презвитериум). Во преостанатите делови на урнатата базилика — во неjзиниот нартекс и во jужниот (поретко и во северниот) кораб биле закопувани умрените. Гробовите се вкопани во паднатиот шут, наjчесто до длабочина на стариот под.

Бидеjќи ископувањата не беа водени секогаш на потребно стручно ниво, позициjата на овие гробишта во целина ни овозможува денес да ja реконструираме големината на средновековната црква. Квалитетот на ѕидањето на овие цркви бил слаб, изведен главно без малтер, со прирачен материjал (паднати камења, искршени тули и ќерамиди, парчиња од камена пластика, поврзано со многу кал). Затоа при археолошките ископувања тие ѕидови по грешка биле тргнати без да се идентификуваат како такви и да се документираат. Само неколку наjстари и наjзначаjни цркви каj нас, од доцниот 9. и 10. век, биле градени плански, ѕидани со малтер и според новите градежни концепции од тоа време (Охрид, Струмица и Водоча, Крупиште-Равен).

На ова место нема да ги наброjуваме сите крепости во кои или покраj кои се констатирани вакви обнови на спомнатиот начин. Секоj ваков случаj е прикажан во Прегледот (Гл. VII).

46 
 


27. Не нaвлeгуваjќи во обемната современа литература за овие настани, ќе се повикаме на изложувањата на Г. Острогорски (1959), С. Антољак (1985, 1) и Б. Панов (1985, III), како и на Д. Ташковски (1961).

28. N. Svoronos 1966, 8, 9 — према С. Антољак 1985, I, 524 и заб. 899; — A. Dunn 1994, 60-80; — W. Mueller-Wiener 1986, 434-475 и броjни други.

29. Г. Острогорски 1959, 219-221 и С. Антољак 1985, I, 524.

30. J. Иванов 1931, 526.

31. Истиот, 520 и н. (гл. 67) исцрпно ги коментира овие повелби и сите црковни седишта (епископски и енориски) во нив. И нашиот преглед се потпира (со неколку исклучоци) на неговите локации.

32. В. Тапкова-Заимова 1956, 40-60 и особено 54-57, ги следи местата на нашето подрачjе и приложува карта за тоа. — Т. Томоски 1984-85, 33-45, се обидува да даде скица на картата на средновековни градови во Македониjа, но не навлегува во нивната категоризациjа ниту во хронологиjата, а локациите што ги предлага во наjголем opoj случаи се провизорни.

33. P. Груjић, 1933. 33-77.