http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

 

Средновековни градови и тврдини во Македониjа
Иван Микулчиќ
 

III. СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИJА

3. Бугарски ocвojyвања на Северна Македониjа. Границата кон Византиjа. Обнова на тврдините.

Во 807 година водачот на Бугарите во Панониjа, Крум, бил избран во Плиска за каган на сите Бугари. Со него започнува нова историска етапа на Источниот и Средниот Балкан. Во борбите неколку години по ред, Бугарите ja потиснуваат византиската власт кон краjбрежните зони на Црното и Егеjcкотo море. Низа византиски градови биле освоени и ограбени, до Сердика (Софиjа) на запад. Под кнезот Борис (852-889 г.) и син му Симеон, бутарската власт ќе се прошири на запад до Дрина и до Jадран, со премолчана согласност на Византиjа. Новата голема држава го опфатила и подрачjето на денешна Република Македониjа.

Сфакаjќи ja важноста на новата вера, во 864 година Борис го прифаќ христиjанството (царот Михаjло III како кум му го дава своето име). Борис лично спроведува покрстување и сурово се пресметува со оние што пружаат отпор. Во регионот на Брегалница биле покрстени 4.050 (или 14.000) Словени. Грчкото свештенство ja организира Бугарската црква, а тоа влиjае врз забрзаниот процес на политичкото и етничкото обединување на Прабугарите и Словените. Старите племенски имиња се губат. Со помош на Рим и преку притисок врз Цариград, бугарската црква добива своj архиепископ. Следбениците на Константин и Методиj, Климент и Наум, доагаат во 886 година од Моравиjа во Охрид и тука шират христиjанство и писменост.

33 


Сл. 6. Обележjа на власта на балканските простори во 10. век: 1, 2. амулети со тн. глава-jавач од Чемрен (Зовик) и Прилеп (Варош); 3. тамга од Арангел каj Кичево; 4. амулет-печат од Девол (Дреново каj Кавадарци); 5. двостран печат од Jегуновце каj Тешово; 6. поjасна тока со лав-грифон, Девол (Дреново)

34 

За време на владеењето на помладиот син на Борис, Симеон (893-927 г.) Бугариjа го достигнала врвот на своjата моќ. Во низа судири со Византиjа тоj ja проширува своjата држава на неjзина сметка. Во 904 г. Арапите од Триполи го освоиле и го ограбиле Солун, а голем дел од жителите одвеле во пленство. Симеон го користи тоа за да ja помести границата на jуг, поблиску кон Солун. Во 913 г. доаѓа со воjска под Цариград и од патриjархот изнудува царска круна. Во 914 г. ja пустоши околината на Солун и Драч. Во 918 г. продира низ Грциjа до Коринт на jуг и ja изнудува титулата "Цар на Бугарите и Ромеите". [23] Во 924 г. Симеон ja покорил и страотно ja опустошил Србиjа. Призната е самостоjната бугарска патриjаршиjа.

По смртта на Симеон Бугариjа брзо слабее, а Византиjа ги враќа своите поранешни територии и хегемониjа врз Средниот Балкан. Рускиот кнез Свjатислав ja покорува Бугариjа и владее со неа. Во 971 г. царот Jован Цимиск, Ерменин на византискиот престол, ja освоjува Бугариjа и влегува во Преслав. Цела Бугариjа повторно станала дел од Византиската Империjа, до Дунав на север, до Дрина и до Jадран на запад.

* * *

Посматрано од археолошки аспект, токму во ова време паѓаат вистинските почетоци на словенското средновековие. Приливот на нови словенски групации во Среден Балкан мора да бил голем во тоа време. Близу стотина некрополи на нашето подрачjе, во кои се ископани наоди од 10.-12. век, во низа случаи укажуваат на можните почетоци од 9. век. [24]

Балканските Словени, населени на широкиот простор од Црното до Jадранското Море и од Дунав на север до Коринт на jуг, создаваат сега единствена материална култура коjа ги обединува во една голема балканска заедница. На целиот тоj простор, во маса метални производи (делови од воената опрема, облека и накит), меѓу стандардните форми користени од словенското население, одвреме-навреме се поjавуваат специфични предмети врзани за бугарско бoлjapcтвo како носители на новата државна управа (сп. сл. 6). [25]

Во нашата историографиjа никоj не обрнал внимание на словенското доселување во 9. век во среднобалканските простори. Тука помислуваме на
35 

нови бранови од изворното Подунавско jадро, покренати по сломот на Аварскиот каганат во Панониjа (краj на 8. век). Сломот на Аварите овозможил повторно воспоставување на врските со словенскиот север. Трговците од Византиjа можеле да патуваат безбедно до Морава на север, а по нив и Константин (Кирил) и Методиj, таму да ja извршат своjата мисиjа. Учениците на Методиj, избркани од Моравиjа по неговата смрт, доаѓаат на Балканот за да го шират христиjанството на словенски jазик.

Контактите со прекудунавскиот словенски север имаат археолошки потврди каj нас во вид на низа специфични предмети, произведени или идеjно креирани на Север. Пронаjдени се во нашите крепости Чрешче, Собри, Стена, Давина и др. (сп. сл. 7, 108, 147, 164, 175). [26]


Сл. 7. Амулет-"рокче" со глава на Перун-Свевид, со 4 лица. "Давина", с. Чучер каj Скопjе, 9.-10. век

36 
 


23. Г. Острогорски 1959, 248-258 (за овоj и за следните настани наведени каj нас).

24. Е. Манева 1992, 15. 36 и н., 113-240 (каталог на наодите).

25. За поjасната тока од Девол-град, Дреново (лав-грифон врз друго животно) сп. З. Вински 1974, 62, 67, 72-73 и T. II. 7-11; — И. Микулчиќ 1983, 213-214, сл. 3; — Ж. Аладжов 1981, 22-27; — За релjефните амулети со глави - jавачи од Зовик и Прилеп: Љ. Џидрова 1989, 247-257. — За двоjните печати-амулети: Р. Рашев 1988, 57-61 и В. Залескаjа 1980, 48-51.

26. J. Poulik и др. 1985, 14. сл. 3.1, 10, Т.1 — за апликата од Стенче и поjасното jазиче од Чрешче; Т. III (жел. оструга од Остров-Башовце) блиска е до таков наод од Собри каj Тетово. — Н. Чаусидис 1994, 462, Т. 105, 1-7: четириглавиот Перун-Свjатовид од Преслав, Виелица и од повеќето балтички локалитети, аналогни на нашето рокче од Давина каj Скопjе.

Во оваа смисла зборуваат и повеќето топоними; така на пр. Морава (низ цела денешна Србиjа и на Косово, во северното подножjе на Скопска Црна Гора); Морава се вика и краjот северно од Костур; потоа источниот краj на Корчанскиот регион, во jугоисточна Албаниjа. Боемиjа (второ име за Чешка) се вика микро-регионот околу Валандово, долж Анска Река (Боимиjа), потоа регионот и гратчето Боемица (ден. Аксиуполис) jyжнo од Гевгелиjа.