http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

 

Средновековни градови и тврдини во Македониjа
Иван Микулчиќ
 

III. СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИJА

1. Инвазии во 6. век. — Зона на населување на Словените. — Склавинии во 7.-8. век. Обновување на византиската управа.

Новите народи што во 6. век доаѓале од Источна Европа на Балканот не оставиле траги од своjата примитивна материjална култура туку само пустош. Тоа биле Бугарите и Кутригурите, Аварите и Словените. Нивните упади што ги забележале современиците, ќе ги следиме хронолошки.

Во 517 година една поголема група на "Гети" (несомнено Бугари) го крстосале Илирик од Дунав до Термопилите на jуг. [1] Некои населби на нивниот пат биле притоа ограбени, меѓу нив и Скупи чиишто жители пред тоа го напуштиле градот и побарале спас во околните збегови. [2] Археолошки гледано, Скупи во тоа време бил сосем запустен град, осиромашен и мал по обем.

Прокопие од Каjсареjа пишува дека во времето на Jустиниjан I "Хуните, Словените и Антите речиси секоjа година навлегувале во Илирик, цела Тракиjа, исто и во Хелада и Хелеспонт". [3] Овие зборови секако се претерани. Подрачjето на денешна Република Македониjа во времето на Jустиниjан I било само 2-3 пати ограбено. Така, во 540 г. "Хуните" (несомнено Кутригурите) го преминале Дунав и го прошетале Илирик с? до Халкидик на jуг. Таму се поделиле и еден дел од нив продолжил кон Грциjа до Коринтската превлака (Истмос), а другиот дел се упатил кон Цариград на исток. При тоа страдале 32 укрепени места во Илирик. [4] Како обjаснувањe, да кажеме дека префектурата Илирик се простирала од Дунав на север, преку подрачjето на денешна Србиjа со Косово, потоа Албаниjа и Република Македониjа до Грциjа на jуг.

24 

Во 548 година Словените преминале преку Дунав во Илирик и продреле до Дирахион (Драч) на jyгoзaпaд. Притоа освоиле низа слабо укрепени места и собрале во нив броjни заробеници. [5] Главна насока во нивното движеше бил патот Наjс - Улпианум - Скодра - Дирахион (Ниш - Приштина - Скадар - Драч), што значи дека не навлегле во нашите краишта. Во 550/51 година Словените пак влегуваат во Илирик. Попат, каj Ниш, тие слушнале дека во Сердика (Софиjа) во заседа ги чека славниот воjсководач Герман со ромеjска армиjа, за да ги удри од грб. Исплашени од тоа, Словените го напуштиле првобитниот план да одат преку Македониjа до Солун на jуг и скршнале кон провинциjата Далмациjа на запад. Таму Словените за прв пат презимиле на балканска почва. [6] По с? изгледа дека ни во овоj поход Словените не го загрозиле нашето пoдpaчje.


Сл. 2. Словенски палчести фабули од Тесалиjа (А, Б - по J. Вернер) и дел од Виничани каj Т. Велес (В); доцен 6. - ран 7. век

Во 558/59 година преку Долни Дунав преминале Кутригурите, водени од каганот Заберган, а придружени од "подунавските Бугари" и од Словените. Ги опустошиле провинциите Долна Meсиjа и Тракиjа, Европа и Родопи, а еден дел од нив тргнал на запад кон Солун, користеjќи го несомнено Егнацискиот пат. По истиот пат тие се вратиле на Исток, во Тракиjа и натаму дома, во Влашката Низиjа. Се сомневаме дека во овоj поход страдал и некоj дел од нашата териториjа.

Во следните 20 години нема варварски упади во Илирик, а тоа значи ги немало ни во Македониjа. Пишаните извори молчат. Само една редица

25 

закопани пари, скриени в земjа во 570/71 година и откриени во наше време на просторот од Дунав на север до Солун на jуг, навестува дека можеби во 571 година Словените од Панониjа провалиле до Македониjа на jуг. [7] Неколку остави на монети од тие години наjдени се и каj нас. Меѓу нив и во големата тврдина на Водно над Скопиjе. Co археолошките ископувања во 1977 година, зад челната кула на акрополата во оваа тврдина, стратиграфски е издвоен слоj со траги од силен пожар и уривање на обѕидието. Во слоjот се наjдени и бройни монети, кои завршуваат со ковната година 569/70. [8]

Следниот продор на Словените во Илирик се случил, можеби, во 578, a повероjатно во 580/81 година. Тогаш Словените продреле на jуг до Грциjа и останале таму, можеби, 4 години (од 581-584, според Тован Ефески). [9] При тоа, несомнено настрадале и нашите краишта.

Уште во 584/85 година Аварите од Влашката Низиjа, придружени од Словените од Украина и Молдавиjа, го минале Долни Дунав и почнале темелно да ги пустошат источнобалканските провинции. По нив, движеjќи се по краjбрежниот Егнациски пат на запад, на 22. септември 586 година стигнале каj Солун. [10] По неуспешната опсада го оставиле Солун и се свртиле кон помалите градови и тврдини во Македониjа, всушност кон с? што сеуште вредело да се ограби. Овие пустошења го претставуваат краjот на цивилизираниот градски живот во Македониjа.

Низа наоди од скриени пари (остави, депоа) на нашето подрачjе, исто така го потврдуваат овоj настан. Ископани се во слоевите со траги од силен пожар и уривање во градовите Баргала, Стоби, Хераклеjа Линкестис и во тврдините Баба и Селце каj Прилеп. Сите овие остави завршуваат со ковната година 584/85. Спомнатите места го завршиле животот со овие уривања. [11]

Натамошните словенски продири кон jуг на Балканот за нас немаат поголемо значење, бидеjќи градскиот живот во Македониjа речиси целосно замрел. Преживеаното ромеjско население избегало на jуг или се повлекло во потешко пристапните планински тврдини. Во 20-ина поважни крепости наjдени се потврди за натамошното живеење: монети од краjот на 6. и раниот 7. век, потоа карактеристични византиски воjнички фибули (токи) од исто време (сл. 1). Со нив ќе изгасне античката епоха каj нас.

Имено, Исидор од Севиља забележал дека во 5-та година од владеењето на Ираклиj (614/15 г.) Словените целосно го окупирале просторот на

26 

Грциja. За да дойдат таму, тие морале попат да ja прегазат и Македониjа. За жал, досега не успеавме да регистрираме археолошки (материjални) траги од присуството на Словените на нашето подрачjе од 7., 8. и поголемиот дел од 9. век.


Сл. 3. Словенски магиски (култни) метални плочки, од Велестино во Тесалиjа (избор: А — фигура на Перун?; Б, В, Г — шаман, митско животно и воин со секира — по J. Вернер); 8.- 9. век.

Одговорот на ова загатка не лежи во непознаването на материjалната култура на Словените. Словенски гробови (со кремациjа, во урни) и остатоци од населби се откриени во Jужна и Средна Грциjа; колку се оди повеќе кон jуг, толку се тие поброjни. Од друга страна, големиот среднобалкански простор од Дунав на север, до Солун на jуг, досега не дал никакви ранословенски наоди. Очигледно е дека Словените од Подунавjето едноставно поминале низ тоj простор, претходно веќе опустошен, без ромеjски населби и за нив неатрактивен. Тие се населиле во медитеранскиот дел на Грциjа, со блага клима, до морето кое со векови привлекувало броени народи од север. Тука Словените можеле да контактираат со преостанатите грчки градови и да се снабдуваат со толку ценетите занаетчиски произведи, кои Византиjа ja издигнале меѓу водечките во светот.

Ако ги проследиме сочуваните пишани податоци, ќе ja добиеме истата географска слика. Според Монемвасиската хроника, Пелопонез бил под

27 

власта на Словените цели 218 години (од 586-805 г.). [12] Уште во 13. век Латините возувале против Езерjаните и Милингите (Миjаците) на Пелопонез. Археолошките словенски наоди од 7. до 9. век се броjни (Тиринс, Арг, Патрас, Олимпиjа и др.). [13]

Тесалиjа несомнено била населена исто така густо со Словени. На тоа укажува настанот од 799 г. кога кнезот Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против царицата Ирина. Во тоа време Акамир е с? уште независен словенски архон на областа Верзетиjа, во Тесалиjа. [14] Верзетите (или Велегезити) се спомнати и во Чудата на св. Димитриjа како едно од словенските племиња што порано го опседнувале Солун.

Постарите истажувачи (Л. Нидерле, М. Дринов и др.) претпоставувале дека ова племе е идентично со подоцнежните Брсjаци (забележани во 11. век). Сепак, пред половина век М. Фаснер, светски авторитет за овие прашања, ова аргументирано го отфрлил. Од Верзитиjа (Тесалиjа) потекнуваат и повеќе археолошки наоди од 7.-9. век, како и голем броj рани словенски топоними. [15] (сл. 2, 3).

Наjсеверните словенски племиња се забележени околу Солунскиот залив и долж Егеjскиот брег. Според Чудата на св. Димитриjа, близу до Солун (вероjатно на Халкидик) во 7. век престоjувале Ринхините. Струмjаните биле населени по Долна Струма до Егеjскиот брег, а Смолjаните источно од нив, околу долна Места. Западно од Солунскиот залив, во долномакедонската рамнина, се населиле Драговичи, а во краjбрежниот поjас jужно од нив Сагудати. Името Сагудати не е словенско, туку турско-татарско (аварско-протобугарско). [16] Племето Воjунити продрело во Епир, до Jадранскиот брег на jугoзапад.

Понатаму на север од спомнатите региони, а тоа значи и на подрачjето на денешна Република Македониjа, нема писмени докази за престоjот на Словени во тоа време. Исто така, нема ни археолошки наоди од тоа време и покраj тоа што во изминатите 4 децении со интензивни рекогносцирања на теренот евидентиравме околу 3.600 археолошки локалитети од различни епохи. [17] Ранословенски наоди нема.

28 
 


1. P. Lemerle 1954, 280.

2. Љ. Максимовиќ 1980. 21-57. е последна студиjа за сите варварски упади во Илирик во текот на 6. век.

3. Ргос. НА 18, р.114.15-115.2, 23; р.141.19-142.1.

4. Ргос. BG II, 4, р.163.8-164.16. P. Lemerle 1954. 285.

5. Ibidem III, 29, p. 423.3-13. - Lemerle 1954, 286,. со право го поврзува овоj упад со големата инвазиjа во 550/51 г.

6. Ргос. BG III, 40, р. 475.19-483.15.

7. В. Поповиќ 1981, 111-126.

8. И. Микулчиќ 1982, 50-51.

9. В. Поповиќ 1980.232.

10. P. Lemerle 1979, I, 126.13-128.2 (Miracula 1,12).

11. В. Поповиќ 1980, 242-243 (депоата во Баргала и Хераклеjа). Депото од Стоби, ископано зо "Казино" во 1981 г. се уште не е обjавено.

12. Острогорски 1959, 198. — Каранис 1972, Х, 147 и н.

13. В. Поповиќ 1980, 234-239, сл. 2.3.

14. M. Vasmer 1970, 85, 86.

15. В. Поповиќ 1980, 238, сл. 3; — Н. Чаусидис 1992, 141-154 и 1993, 159-178.

16. Gy. Moravcsik 1958, 2, s.v. Sagudati; Nebulos, Zupan. Сагудатите, како и нивниот водач Небулос; потоа жупан како титула на словенските старешини (кнезови) во една жупа и др.

17. Во издание на МАНУ, Скопjе, во 1994 г. излезе I том на Археолошката карта на Република Македониjа. Тоа се општи текстови како воведи во поjавите од одделните временски периоди и одделни култури. Картоните на наоѓалиштата како материални докази се уште не се обработени. Спореди ja книгата на Е. Манева 1992, 11-15.