http://protobulgarians.com

Страница за прабългарите. Език, произход, история и религия в статии, книги и музика.

 

Средновековни градови и тврдини во Македониjа
Иван Микулчиќ
 

II. ДОЦНОАНТИЧКО НАСЛЕДСТВО


1. Фортифицирање: историски настани. Броjност.

Еднаш веќе спомнавме дека античката цивилизациjа ги достигнала наjвисоките дострели токму на своjот краj, непосредно пред доаѓањето на Словените на Балканот. По пропаста на Западното римско царство (изгаснало во 476 г.), источната половина на Империjата нашла доволно сили да се препороди и да достигне моќ и богатство многу поголеми отколку во претходните векови. Доцниот 5. и 6. век го одбележуваме и со ново име: рановизантиски период. Во рамките на материjалното творештво од тоа време археолошки се следат низа новини, како производ на мешање на преживеаните римски форми и белези со новите елементи преземени од Блискиот Исток и воскреснатите источномедитерански-хеленистички традиции. Духовното творештво е во знак от на целосната победа на христиjанството, па затоа и уметноста од тоа време е во знакот на Верата и целосно во неjзина служба. Археолошки ова може многу впечатливо да се следи како на низа ситни занаетчиски произведи, така и на украсите во броjните цркви од тоа време: на камената пластика, подните мозаици, ѕидните украси и др. [1] Меѓу монументалните градби од тоа време доминираат крепостите и црквите. Ќе ги разгледаме накусо крепостите, бидеjќи непосредно влегуваат во нашата тема.

Во изминатите две децении авторот на оваа книга со соработниците го истражуваше феноменот на фортифицирање во Македониjа во доцната антика. Сега, кога оваа обемна и многу сложена проблематика е разjаснета

19 

на задоволителен начин и кога истражувањаата се приведени кон краj, [2] можеме и на ова место во наjкуси црти да посочиме на нив.

Од околу 500 евидентирани доцноантички крепости на подрачjето на Република Македониjа истражени се 455, а половина од нив детално е премерена на теренот и документирана со планови и друга документациjа. Определени се временски преку карактеристични наоди. Тоа се, пред с?, броjни монети, потоа метални делови од воена и цивилна облека и опрема, украси како и некои категории керамика.

Кон ова се приклучени и особеностите во ѕидарството, градежните форми и фортификациони елементи, така што сите крепости можевме временски да ги определиме во доцноримскиот (средината на 3. - средина на 5. век) и рановизантискиот период (доцниот 5. - 6. век).

Доцноримските крепости биле градени наjмногу во доцниот 4. век, за време на зголемената опасност од Готите кои преку Дунав навлегле во балканскиот простор и еден век останале тука, едно време како неприjатели, едно време како соjузници на Империjата. Пред тие настани значаjни за нас се и борбите меѓу двамата ривали - самодршци, царевите Константин I и Лициниj околу среднобалканскиот простор (Мезиската и Македонската диецеза). Тогаш тука биле натрупани огромни армии (од 313 до 324 г.) и за нив биле изградени броjни воjнички логори (кастели) краj поважните патишта. Инаку, првите крепости почнале да се градат каj нас по средината на 3. век, кога стопанскиот и политичкиот хаос во Царството условил општа несигурност, а населението од селата пред пустошењата на сопствената воjска и варварите барало спас зад одбранбените ѕидови.

Рановизантиската укрепителна деjност започнала во доцниот 5. а продолжила интензивно до средината на 6. век. Значи, се одвивала во релативно мирно време, како темелна подготовка за можните опасности во иднина. Поучени од претходните пустошења на Готите и потоа на Хуните, царевите Леон и Зенон, потоа Анастасие и особено Jустиниjан I го сфатиле ова фортифицирање како многу важна задача и работите ги спроведувале многу темелно. Освен доцноримските урнати крепости и градови кои сега биле обновени, изграден бил и голем броj сосем нови. Само на подрачjето на денешна Република Македониjа, броjот на крепости датирани со наоди во 6. век изнесува приближно 400.

Во доцноантичко време (4.-6. век) на подрачjето на Република Македониjа егзистирале 18 градови и гратчиња, потоа низа укрепени села,

20 

рударски населби и збегови. Меѓу преостанатите крепости само мал броj претставувале класични воjнички кастели за сместување на мобилни воени одреди. Останатите тврдини претставувале краjпатни или високи регионални стражи, потоа гранични и царински контроли. Имено, на ова подрачjе се допирале 6 доцноантички провинции со гранична (царинска) линиjа долга 1.100 км. Оваа линиjа ja контролирале близу 200 кастели и стражи.

Главната стопанска деjност во доцната антика во Македониjа било рударството. Државата се грижела за безбедноста на рудничките и топилничарските постройки и за таа цел биле изградени броjни мали тврдини. Тука можеме да вброиме наjмалку 150 од нашите крепости. Во нив престоjувале рударските чиновници и стручњаци, контролери и стражари. Во нив биле


Сл. 1 - Византиски воjнички фабули од доцниот 6. и 7. век (избор: 1. Луковица каj Тетово; 2. Будинарци каj Берово; 3, 4. Водно и Барово каj Скопjе; 5. Г. Чаjле каj Гостивар)

топени металите под контрола на државата и бил наплатуван рударскиот данок; во нив биле чувани добиените метали и металните произведи до нивната конечна испорака на државата. Во случаj на голема опасност во нив се засолнувале и рударите од околината.

21 
 

2. Градежните особености во 6. век

Хунските разурнувања на градовите во Империjата во средината на 5. век биле катастрофални. Тие практично ja уништиле римската цивилизациja и неколку децении потоа Западното царство изгаснало во управно-политичка смисла (во 476 година). Во Источното царство страдале тогаш само балканските градови (особено во походот во 447 г.). [3]

Источноримските цареви Леон и Зенон, потоа Анастасиj и на краjот Jустиниjан I развиле извонредно обемна градежна деjност. Настоjувале да го обноват она што можело да се обнови и да се изградат стотини нови крепости во загрозените провинции, за да не се повтори спомнатата катастрофа. Воените архитекти ги проучувале старите искуства и откриле низа нови вредности, што во вид на совети ги набележиле за идните градители.

Co археолошките истражувања на терен идентификувани се низа вакви новини од доцниот 5. и 6. век Основниот ѕидарски слог станал емплектонот: лицата на ѕидот се градат од едри и приделкани парчиња камен додека jадрото на ѕидот се лие од ситен кршен камен со многу малтер. Главно се користи свежо гасена вар коjа цврсто се лепи за каменот и остава броjни шуплини, даваjќи му на ѕидот максимална еластичност.

Наместо стандардната форма на кули со правоаголна основа и скромни димензии, во 6. век се форсираат големи кули чиjа што челна страна е заоблена или силно намалена (со трапезна основа). Некои кули имаат остро издаден раб по средината (т.н. тригони и пентагони — со три- и петаголна основа). На тоj начин челните страни полесно ги одбивале и скршнувале камењата фрлани од направите. [4] Кулите често се ѕидани масивно во сутеренскиот дел (без просториjа) заради поголема цврстина, а големината им расте до вистински бастиони. Вакви кули се евидентирани на 50-ина наши крепости (сл. 39, 52, 129, 135, 138, 169).

Во приближно ист толкав броj тврдини евидентиравме цистерни за вода, потоа заштитни ровови и протеихизми (предѕидови). Наjвисокиот дел од тврдината со еден внатрешен ѕид се одделува како акропола (цитадела); во него била сместена воената команда, а служел и како последно засол-

22 

ниште на бранителите. Тука стоела и главната кула. Портите биле заштитени со 1-2 кули или биле вовлечени навнатре, зад линиjата на обѕидието.

Благодарение на вакви цврсти конструкции, голем броj тврдини од 6. век останале добро сочувани и низ средниот век, а некои и до наше време и лесно се препознаваат на теренот. Неколку од нив имаат и денес обѕидие сочувано во првобитната височина, а за низа други тврдини читаме во извештаите од пред половина век и повеќе дека и тие биле толку добро сочувани. Урнати се до темел во наше време, со различни градежни зафати. Има повеќе десетици вакви примери.

Од сето ова, може да ги извлечеме следниве заклучоци:

- Воените походи на Бугарите, Словените и Аварите од преку Дунав во текот на 6. век во балканските провинции, колку и да биле силни и разурнувачки, не ги разурнале сите постоечки тврдини каj нас. Некои очигледно биле само оштетени, некои одваj допрени. а голем дел од нив останале недопрени.

- По наjжестоките аварско-словенски инвазии во доцниот 6. век, домашното (ромеjско) население масовно ги напуштило укрепените засолништа од нашето подрачjе и се иселило кон Солун и Цариград, егеjските острови и во Анадолиjа.

- Спомнатата добра сочуваност на тврдините од 6. век придонесла, во следните 5-6 векови да не се градат нови фортификации. Потребата од укрепени места во раниот среден век била мала и ограничена на одделни куси воени акции. Дури во полниот и доцен среден век оваа потреба силно ќе се зголеми. Поради тоа, се до 12.-13. век биле користени ромеjските (предсловенски) крепости за одделни инцидентни потреби, евентуално обновувани и адаптирани за нови воени посади или стражи.

За да се обjасни ова, приложуваме и карта на укрепените места од 6. век на подрачjето на Република Македониjа. Крепостите се претставени со соодветни знаци, како градови, укрепени села и рударски населби, збегови и кастели односно стражи. Покраj нив се нанесени и ранохристиjански цркви, кои со своjата концентрациjа на теренот помагаат полесно да ги забележиме тогашните градови — епископски седишта. На картата се внесени и границите на шестте тогашни провинции, кои се допирале на ова подрачjе. [5]

23 
 


1. Целосен приказ на оваа извонредно богата материjа с? уште не е составен. Читателите ги упатувам на богато илустрираните прикази во едициjата "Уметничко богатство на Македониjа", Скопjе 1984 на Б. Алексова (43-60 и 96-118), Г. Томашевиќ (72-84) и В. Битракова (85-95), потоа на одделните книги — на В. Битракова 1975 (цркви во Охридскиот регион), Г. Томашевик 1978 (подни мозаици), Б. Алексова 1989 (цркви на Брегалничката региjа; студиите во 33 Корзо Равенате, 1986, на Б. Алексова (13-81), В. Битракова (107-134) и И. Микулчиќ (221-277) — тука се обидов да дадам прв општ преглед на црковното градителство во цела Р. Македониjа од 4. до 6. век.

2. Прегледот на доцноантичкото градителство каj нас, на коj работев повеќе од 2 децении, се наоѓа во печат во познатата cepиja на J. Вернер MBVF, Минхен (на германски).

3. И. Микулчиќ 1981, 210-226; 1982, 39, заб. 14 и 1995, заб. 21, со приведени антички извори (Chronica minora/galica: "не помалку од 70 градови") и обемна современа светска литература за овие настани.

4. Овие специфични форми почнал да ги проучува познатиот бугарски историчар на архитектурата С. Бобчев (1961,104-146), следеjќи ja нивната концентрациjа на просторот на Источниот Балкан и во Анадолиjа. За наодите каj нас сп. И. Микулчиќ 1982, 62,63 и заб. 30.

5. Сп. заб. 2. Од овоj ракопис тука ja прикажуваме картата 1 со рановизантиските фортификации, градови и цркви.